Семејството Зафирови постигна голем успех на аматерскиот фитнес натпревар „Мр. Олимпија Аматер” во Букурешт освојувајќи златен и сребрен медал. Легендата на македонскиот фитнес, Тоше Зафиров, освои второ место, додека неговата ќерка Ангела се закити со шампионската титула.
„Деновиве го живеам сонот што со години го носев во срцето. За првпат заедно со мојата сопруга Габриела и нашата ќерка Ангела застануваме на големата сцена – ‘Мр. Олимпија Аматер’. По 30 години успеав да го освојам сребрениот медал, високото вицешампионско второ место на ‘Мр Олимпија Аматер’ во Букурешт во конкуренција од повеќе од 300 натпреварувачи во различни категории. Но, мојата најголема среќа, нашата Ангела, моето најголемо богатство, ја понесе својата прва победа на ‘Мр. Олимпија Аматер’ – го освои првото место и својот прв златен медал на ‘Мр Олимпија Аматер’! Ова е повеќе од медал – ова е симбол на нашата посветеност, нашата љубов и нашата заедничка победа!”, се вели во дел од објавата на Тоше Зафиров.