Американскиот милионер Џон Берлсон, кој беше познат и како сопственик на англискиот клуб Милвол, загина во сообраќајна несреќа. Деталите засега се непознати, а од клубот излегоа со соопштение.
„Со голема тага и неверување ја известуваме јавноста дека Џон Берлсон, сопственикот на клубот, почина. Сите од клубот сме поддршка за неговата сопруга Еми и нивните три деца, како и останатите од нивното семејство. Ненадејната смрт на Џон ќе остави трага на сите оние кои имаа среќа да го познаваат. Беше голем човек, неверојатно посветен на семејството, дарежлива личност со топлина и добрина. Имаше исполнет живот со многу радост“, стои во соопштението на Милвол.
Американскиот бизнисмен и милионер на чело на Милвол дојде пред 17 години, а во овој период има вложено повеќе од 100 милиони евра во клубот, според британските медиуми. Милвол е стандарден член на Чемпионшип лигата во Англија.
https://twitter.com/i/status/1676335189029470208