11.8 C
Skopje
среда, 26 ноември 2025

Загина некогашната голема надеж на италијанскиот фудбал (Видео)

Симонлука Агацоне, поранешниот младински репрезентативец на Италија, загина синоќа во сообраќајна несреќа. Агацоне, кој имаше 39 години, како младинец беше дел од Милан, а играше во средниот ред. Има 16 настапи за младинските селекции на Италија, но сепак како сениор не се прослави и настапуваше за тимови како СПАЛ, Специја, Монца, Новара…

Агацоне настрадал кога возилото во кое се возел удрило во дива свиња. Од тој удар, возилото излетало од патот, а Агацоне починал на самото место. Во автомобилот бил и 32-годишниот Матео Равето, но и тој починал во сообраќајката.

 

- Оглас -

Најнови вести