Осум навивачи на еквадорскиот клуб Барселона од Гвајакил, загинаа во инцидент во Перу. Други 37 лица се повредени и префрлени во болница, откако се превртел автобус со кој тие патувале на гостување од Копа Либертадорес. Автобусот со фановите излетал од патот и паднал во 15-метарска провалија.
Трагедијата се случила кога навивачите на Барса се враќале во Еквадор после мечот Спортинг Кристал.
Интересно е што в петокот вооружени навивачи на Барселона Гвајакил нападнаа и ограбија автобус во Перу, полицијата приведе 25 хулигани, но испадна тие можеби со останувањето притвор, се спасија од сообраќајната несреќа во северниот дел на Перу, каде несреќите се чести поради лошиот пат, незгодните кривини и немањето сигнализација.
Барселона загуби со 1-2, но оди во третото коло од квалификациите каде за ривал го имаат парагвајски Серо Портењо.