Загорац ги реши со тројка, па урлаше: „Ја мразам Ѕвезда“ (Видео)

Јунакот на кошаркарскиот клуб Партизан, крилото Раде Загорац, кој синоќа со тројка им донесе победа на „црно-белите“ над вечниот ривал Црвена ѕвезда, по завршувањето на средбата од финалето на српскиот плејоф, се однесуваше како навивач.

Емоциите го надвладеаја кошаркарот, па тој се занесе во улогата на навивач и почна да го води скандирањето на навивачката група Гробари пред кои беше застанат. Сите чекаа од него да почне да пее песна, а тој избра една во која во негативен контекст се спомнува и Ѕвезда.

„Ти си единствен од сите клубови на целиот свет, во моето срце единствен клуб кој постои, бидејќи јас те сакам само тебе. Ги мразам Ѕвезда, ОФК, Рад, Олимпијакос, Јувентус, баш ми е гајле за нив, јас живеам само за тебе, Партизане те сакам“, се зборовите на песната која ја пееше Загорац, но и другите играчи на „црно-белите“.

Погледнете како изгледа Загорац во улога на водач на навивачите:

- Оглас -

Најнови вести