17.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Загрепчани се плашат од полуфиналното проклетство против Вардар

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 вечерва од 20.30 часот во Задар ќе го игра полуфиналето на регионалната СЕХА-лига и на своја страна ја има традицијата. Вардар и ППД Загреб досега немаат пропуштено фајнл-фор во СЕХА и четирипати имаат играно едни против други во полуфиналните дуели (последен пат во 2017 година), а секогаш победуваа Вардарци.

Во финалињата, скорот е 2-1 за Вардар. Црвено-црните го освојуваа трофејот во СЕХА во претходните три сезони, а Загреб се радуваше само во 2013 година. За разлика од лани, се сменија времињата и многу играчи, а тимовите имаат и други тренери. Нашиот првак се провлече во четвртфиналето.

За Вардар 1961 не би требало да биде хендикеп што мечот се игра во Хрватска, а во редовите на Вардар 1961 има и двајца некогашни ракометари на ППД Загреб, Гаџа и Векиќ. Во отсуство на Стоилов, капитен ќе биде Дибиров.

Според квотите во Sport Life, шансите на Вардар 1961 за победи не се баш мали и треба да се очекува неизвесност.

- Оглас -

Најнови вести