„Загревањето“ е со тениски и хокеј дуели, а вечерните возбудувања се за фудбалите

Во денешната понуда на Супер типот во Sport Life има зголемени квоти од три различни спорта. Возбудувањата ќе започнат со пет тениски пресметки од неколку различни турнири. Секако, најатрактивни ќе бидат пресметките на Отвореното првенство на САД, каде што во четвртфиналето во женска конкуренција Паула Бадоса од Шпанија е фаворит против домашната натпреварувачка Ема Наваро.

Кај мажите, Александер Зверев на теренот треба да покаже зошто е фаворит против Тејлор Фриц. Квотата за победа на Зверев е  1.72. Овие двајца досега имаат одиграно деветпати и резултатот е 5:4 во победи за Зверев.

Има две хокеј пресметки, и тоа по една од Словачка и Данска. Жилина игра на гости, но е голем фаворит против Тополчани, додека Сондерјиске на свој терен треба да слави против Хернинг.

Фудбалските возбудувања ќе започнат од 20 часот и има дури осум натпревари со зголемени квоти. Најголем дел од натпреварите се од Англија, но ќе има и пресметки кои се „преку океанот“.

- Оглас -

Најнови вести