11.8 C
Skopje
вторник, 3 март 2026

Загрижени во Ал-Наср: Повредата на Роналдо не е наивна

Ал-Наср е во трка за титулата во првенството на Саудиска Арабија, но во следниот период ќе биде без Кристијано Роналдо. Португалецот се повреди на последниот меч против Ал-Фаја и во 80-тата минута го напушти теренот.

По направените прегледи, Ал-Наср издаде соопштение кое се однесува околу повредата на Роналдо.

„На Кристијано Роналдо му е дијагностицирана повреда на тетивата по последниот натпревар против Ал-Фаја. Тој започна програма за рехабилитација и ќе биде проверуван секојдневно“, се вели во соопштението на клубот.

Иако беше потврдено дека Роналдо е под лекарски надзор, клубот не даде прецизен временски рок за неговото враќање, кој ќе зависи исклучиво од напредокот на неговото закрепнување.

Претходно денеска имаше шпекулации дека Роналдо си заминал од Саудиска Арабија поради сериозноста на ситуацијата во земјата и конфликтот поврзан со Иран.

- Оглас -

Најнови вести