Селекторот на Италија, Роберто Манчини, на прес-конференцијата пред утрешниот дуел со Бугарија во Софија, најави дека ќе направи неколку измени во составот во однос на тимот кој ја победи Северна Ирска, а предупреди дека нема да биде лесно како што мислат некои. Традицијата е исклучително негативна за Аѕурите.
„Бугарија секогаш имала добри фудбалери, има и сега, иако не се во најдобар момент, имаат смена на генерациите. Наша цел е да победиме. Два пати сум играл тука, имам убави спомени, но историјата покажува дека репрезентацијата на Италија никогаш не победила во Бугарија, и тоа ме загрижува. Мечевите треба секогаш да се играат со максимална концентрација“ – рече Манчини кој не моѓе да смета на Кјелини, Берарди и Капуто.