26.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Загриженост за Ѓоковиќ: Ваков не бил во последните 15 години

Поминаа речиси пет месеци од новата сезона во тенис, а најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, уште нема освоено ниту една титула. На крајот од овој месец започнува гренслем-турнирот во Париз, популарниот Ролан Гарос, а Ѓоковиќ се надева дека токму таму ќе заврши неговиот пост без трофеј.

Во исчекување на Ролан Гарос, легендарниот Енди Родик коментираше околу формата на Ѓоковиќ.

„Загрижен сум поради неговата игра, можеби никогаш не бил ваков во последните 15 години. Имајќи го тоа на ум, можеби е потребно некој од нас да му каже, да го потсети на менталитетот „сам против сите“ кој го водеше во текот на кариерата. Ова сега некако ми е чудно, но секако дека очекувам да се подобри. Следуваат Ролан Гарос, Вимблдон и Олимписките игри. Тој даде приоритет на Игрите и ќе видиме како ќе биде“, вели Родик.

Ролан Гарос започнува од 26 мај и ќе трае до 11 јуни.

- Оглас -

Најнови вести