5.8 C
Skopje
сабота, 27 декември 2025

Загрижувачки: Алкарас може да го напушти тенисот на 25 години

Карлос Алкарас е број 1 на светската АТП листа, но Шпанецот не ретко има проблеми со повредите. Неодамна тој ја раскина соработката со тренерот Хуан Карлос Ферер, а тоа предизвика реакции во тенискиот свет.

Некогашната француска тенисерка Марион Бартоли даде загрижувачка изјава во која потенцира дека кариерата на Алкарас може да трае многу кратко.

„Многу сум загрижена. Карлос има неверојатни квалитети, но него му е потребно да биде опкружен со добра структура на луѓе. Во спротивно, може да се случи Алкарас многу рано да го напушти тенисот, како тоа што го направи Бјерн Борг на само 25 години. Алкарас сега има 22 години. Ние пред нас имаме еден тениски генијалец и сигурно не би сакале тоа да се случи. Сакам тој да продолжи да игра уште долго време“, вели Бартоли која е поранешната шампионка на Вимблдон.

- Оглас -

Најнови вести