Загрижувачки податок или чување на силите, Македонија истрча 7 километри помалку од Лихтенштајн

На натпреварот во Вадуц попладнево, македонскиот национален тим доминираше против Лихтенштајн, што беше и за очекување, а единствен загрижувачки показател е претрчаната километража.

Добро е што без претерано трошење на силите победивме со 3-0, но не е пријатно кога ќе се види делот од статистиката за мечот кој покажува кој тим колку претрчал. Тимот на Лихтенштајн претрчал вкупно 102 километри, а Македонија само 95,4, или речиси седум километри помалку од противникот.

Инаку, момците на Благоја Милевски имаа 69 проценти посед на топка, околу тројно повеќе додавања, односот на шутеви беше 17-5, корнери 7-0, и што е најважно, постигнаа три гола и не примија ниту еден за билдање на самодовербата пред дуелот со Велс.

- Оглас -

Најнови вести