Загрижувачки вести за Реал по поразот од Арсенал: Двајца фудбалери се жалат на повреда

Реал Мадрид доживеа вистински дебакл на првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите откако беше поразен со 3-0 од Арсенал, но сега пристигнуваат нови загрижувачки вести од таборот на Кралевите.

Едуардо Камавинга во 94-тата минута сосема непотребно доби црвен картон и со сигурност нема да игра на реваншот против Топчиите, но лошите вести се поврзани со повредите на двајца стандардни фудбалери.

Веднаш по мечот во Лондон, на повреда се пожалиле Федерико Валверде и Давид Алаба, кои ќе бидат под знак прашалник за неделниот меч од Ла Лига против Алавес на гости, но и за реваншот против Арсенал идната среда на „Сантијаго Бернабеу“.

- Оглас -

Најнови вести