Загубени во преводот, пораз на теренот – Страмачони се жали на саботажа во Иран

Поранешниот тренер на Интер, Андреа Страмачони се најде во несекојдневна ситуација, што се заканува да прерасне во скандал, откако од фудбалскиот клуб Естегал во Иран не му обезбедиле преведувач. Страмачони не можел да комуницира со играчите на клубот, за кој ова лето потпиша двегодишен договор, а се сомнева дека се работи за намерна саботажа.

Естегал загуби со 0:1 на премиерата од новото првенство во Иран, а новиот тренер веднаш свика прес-конференција.

„Ова е класична саботажа. Не знам дали е од клубот, или од Федерацијата, но ако некој има проблем со мене слободно нека каже. Некој намерно ме остави без комуникација со фудбалерите“, изјави тренерот на Естегал.

За овој клуб пред една година, односно непосредно пред да дојде Страмачони за тренер играше нашиот интернационалец Бојан Најденов, но и тој како странец имаше проблеми и мала минутажа, па одигра само 7 меча за Естегал.

- Оглас -

Најнови вести