22.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Загуби поен, па почна да се удира со рекетот во глава и се раскрвави (Видео)

Адријан Манарино славеше во дуелот против Лоренцо Сонего на Јунајтед купот во Австралија, во меч на кој францускиот тенисер направи еден несфатлив потег.

По еден загубен поен, Манарино почна да се удира со рекетот во челото. Од силината на ударите, Манарино успеа да се раскрвави, но, за среќа, тоа не беше посериозна исеченица, па успеа да го доигра мечот и на крајот да победи со 6:4, 6:4.

Овој потег на Манарино потсети на легендарниот Микаел Јужни, кој на турнирот во Мајами во 2008 година, на дуелот против Алмагро, нервозен по еден загубен поен, крвнички се удираше со ректот во глава и се повреди, па мораше да реагира и лекарот.

- Оглас -

Најнови вести