Барселона без никакви проблеми се пласираше во следната фаза од Купот на Шпанија, откако синоќа убедливо со 4:0 победи на гостувањето кај Барбастра. Каталонскиот гигант во двете полувремиња постигнаа по два гола.
Гарсија ја отвори серијата погодоци, потоа следеа два гола на Роберт Левандовски, а конечните 4:0 ги постави Торе. Едноставно четвртолигашот Барбастра немаше никакви шанси против фавритот, но тоа не беше проблем за еден фудбалер на домашната екипа реши да направи еден многу важен момент во животот.
По завршување на мечот, Израел Гарсија пред многубројната публика на стадионот, ја повика својата девојка да се појави на теренот, а потоа клекна на колена и ја побара да му биде жена. Девојката го кажа судбоносното „да“.
😱 TERMINA EL PARTIDO Y DE GOLPE….
💍 Pedida de Israel, el jugador de la @UD_Barbastro, a su chica tras un histórico partido.
😢 Os lo decimos siempre, #LaCopaMola y este 2025 promete.
📺 @MovistarFutbol #CopaDelReyMAPFRE pic.twitter.com/DwS8XxYHiU
— RFEF (@rfef) January 4, 2025