Загубија меч во Купот на Португалија, па дома наместо со автобус, си одеа пешки (Фото+Видео)

Поразот на гости од Сао Жоао Вер од 0-1 во првото коло на португалскиот куп тешко му падна на претседателот на Луситанија Луроса, па тој нареди фудбалерите на неговиот тим дома да се вратат пешки, наместо со автобусот кој ги чекаше пред стадион.

Луситанија е третолигаш, исто како и Сао Жоао Вер, па затоа шокира одлуката на претседателот Хуго Мендеш бидејќи поразот не е од некој тим од пониските аматерски лиги.

Инцидентот го осудија од Синдикатот на фудбалери и побараа барем извинување од клубот за понижувањето кое им го направија на фудбалерите. На интернет се појавија слики и снимки на кои се гледа како тимот на Луситанија оди пешки кон тренинг-центарот, кој е на пет километри од местото на кое играа меч од Купот.

Од клубот не кријат дека тие му наредиле на шоферот на автобусот да си замине без играчите кои „не вределе“ да го носат дресот на клубот и да се возат со клупски автобус.

По пешачење од околу еден час со ранците на рамо, играчите стигнаа, но оваа непријатна епизода не смееше да се случи.

- Оглас -

Најнови вести