Загубија со 4:0, па се тешеле со проститутки

Никарагва со убедлив пораз од 4:0 во дуелот против Костарика стартуваше на Голд купот. На теренот не им оди добро, но дел од фудбалерите на оваа селекција се покажале како опасни љубовџии. Како утеха за поразот, тројца играчи организирале и успеале во своите соби да донесат проститутки.

Иако мислеле дека ќе останат незабележани, хотелските камери ги приметиле проститутките, па вработените во хотелот го известиле селекторот на Никарагва, Хенри Дуанте.

„Луѓето од ноќната смена во хотелот ме разбудија во 1 часот по полноќ. Тропнав на вратата на Карлос Монтенегро и ми отвори една од неговите гостинки. Таа ми рече дека се било под контрола. Влегов во собата, а играчот ми објаснуваше дека не гледа каде има проблем бидејќи само сака малку да се забавува. Тоа го слушнав и од Карлос Чавар. Кога тропнав на неговата соба, ми отвори Марлон Лопес, а таму беа и нивните гостинки. Тогаш им реков: Момци, релаксирајте се. Никој не може да ви забрани да се забавувате колку што сакате. Ако сакате, продолжете, а потоа добро да се наспиете, но кога ќе се разбудите, да ги соберете куферите и да го напуштите хотелот. Повеќе не сте членови на оваа репрезентација“, ја раскажа целата ситуација селекторот Дуанте.

Освен со Костарика, Никарагва во групата е и со Хаити и Бермудските Острови. Следниот меч Никарагва ќе го игра во петок, рано наутро во 1 часот по македонско време против Хаити.

 

- Оглас -

Најнови вести