Англиските клубови редат порази во осминафиналната фаза од Лигата на шампионите и тоа е предупредување за Манчестер сити, кој вечерва треба да го одигра првиот меч против Лајпциг.
Минатата недела со по 0-1 губеа лондонските Тотенхем и Челзи, а синоќа Ливерпул беше прегазен со 2-5.
На Сити му останува да ја одбрани честа на Премиер лигата во нокаут-фазата од ЛШ, но нема да биде лесно против Црвените бикови, особено што Граѓаните ќе играат без еден од своите клучни поединци, Кевин де Бројне.