Загубивме и од Украина – Македонија одигра машки, вака и елиминацијата не боли

Македонија загуби и од Украина, денеска со Букурешт со 1:2 и има само теоретски шанси за осминафинале на првото Европско првенство што го играме во нашата фудбалска историја.

Лошото прво полувреме не чинеше пораз и од Украинците, кои не надиграа и имаа предност од 2:0 со головите на Андриј Јармоленко во 29. минута и на Роман Јаремчук 300 секунди подоцна.

Горан Пандев веднаш потоа постигна мајсторски гол, но беше поништен поради офсајд. Во второто полувреме сликата на арената во Букурешт комплетно се смени, Македонија напаѓаше и во 57. минута успеа да постигне гол за 1:2.

По прекрасниот удар од далечина на Александар Трајковски, топката ја погоди пречката, а Пандев со фаул беше спречен одбиената топка да ја смести во голот.

Аргентинецот Рапалини покажа на белата точка, Алиоски го промаши пеналот, но ја смести одбиената топка во голот за 1:2. Во финишот имаше вистинска драма, а Трајковски кој донесе свежина во второто полувреме за малку промаши израмнување на 2:2 со прекрасен удар од далечина.

Македонија ќе го игра последниот меч во Ц групата за четири дена во Амстердам против Холандија.

 

- Оглас -

Најнови вести