15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Загубивме од Србија, нов настап на ЕП остана само сон за македонските младинци

Младата македонска репрезентација за играчи до 21 година загуби вечерва од Србија со 2:1 на гостински терен и комплетно ги загуби комплетно за настап на ЕП во 2023 година.

Настапот на шампионатот што идната година ќе го организираат Романија и Грузија остана само сон по поразот на стадионот на Вождовац во Белград.

И токму играчот на Вождовац, Милош Пантовиќ, беше стрелец на првиот гол, а го постигна во деветтата минута.

Офанзивецот на Србија остана сам на левата страна, заборавен од нашата одбрана и рутиснки погоди со глава за предност на домаќините од 1:0.

Македонските репрезентативци одиграа скромно и имаа малку шанси за гол, па поразот беше неминовен.

Во 67-мата минута поради втор жолт картон беше исклучен стоперот Бесар Исени, а Србите ја искористија предноста од фудбалер повеќе на теренот и поведоа со 2:0 со голот на Немања Јовиќ во 82-рата минута.

Почесниот гол за Македонија го постигна Бојан Димовски во 83-тата минута.

По 7 кола во Х групата, Македонија падна на четвртото место со 6 бода, зад лидерот Франција со 16, Украина со 13 и Србија, која не прескокна и има 8 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести