Заха е колекционер на недвижнини – Сите ќе ги отстапи во битката против Коронавирусот

Вилфрид Заха ги понуди комплетно сите објекти, односно недвижнини што ги поседува во Лондон, а ги има 50 на болниците и на здравствените работници во битката со Коронавирусот.

Играчот на Кристал Палас е колекционер на недвижнини, но покажа и дека е хуман човек со постапката што ги воодушеви сите.

Заха досега изнајмуваше поголем дел од објектите на туристи кои доаѓаат во Лондон, но одлули да ги повлече сите огласи за изнајмување и да ги стави комплетно сите капацитети што ги поседува во битката со Коронавирусот.

Засега две болници од Лондон објавија дека би можеле да ги користат објектите на Заха за згрижување на пациентите заболени од опасниот вирус.

- Оглас -

Најнови вести