Заха стана прв фудбалер во Премиерлигата кој одби да клекне пред почеток на меч

Пред почетокот на натпреварот Кристал Палас – ВБА кој го добија домашните со 1-0, сите погледи без вперени кон домашниот играч Вилфред Заха, кој стана првиот играч во Премиерлигата кој не клекна пред почетокот на средбата, во знак на поддршка на борбата против расизмот. Заха ја објасни својата постапка.

„Најавив дека ќе го направам ова. За мене лично, ова не е доволно. Без разлика дали клечиме или не, некои од нас и понатаму добиваат навреди. Не сакам само со клекнувањето да покажам дека се важни животите на црните луѓе. Ги почитувам сите кои клекнуваат, но јас и во иднина ќе стојам“ – објасни Заха.

- Оглас -

Најнови вести