Захариевски ги знае сите тајни на Силекс, мајсторски го предводеше лидерот до победа во Кратово

Срѓан Захариевски одлично ги познава и Силекс и Кратово, а денеска маестрално ја предводеше Струга до победа од 2:1 во премиерниот меч од 16. коло во Првата македонска лига.

Стружани за само 25 минути во првиот дел ги разрешија сите дилеми околу победникот и се зацврстија на врвот на табелата со 33 бода од 15 натпревари, 8 повеќе од Шкупи, екипа што има одиграно два меча помалку.

Захариевски веќе подолг период прави чуда со тимот на Струга, а сезонава се брка и првата титула во ПМФЛ.

Бесарт Ибраими со гол од пенал во 11. минута им донесе предност од 1:0 на гостите. Потоа Силекс остана со играч помалку, а казни Малески со втор гол за победа на Струга.

Во финишот Силекс намали на 1:2, но и четврти пат по ред остана без триумф, а го забележа и вториот пораз по ред.

Веднаш по завршувањето на мечот имаше тензии на терен, но за среќа не ескалираа во позначајна пресметка.

Утре се играат останатите натпревари, а дербито е во Скопје меѓу Работнички и Македнија Ѓ.П.

Шкупи ќе и гостува на Победа, Шкендија му е домаќин на Тиквеш, а Скопје на Академија Пандев.

Слободна ова коло е Брегалница.

 

- Оглас -

Најнови вести