Костадин Захов прими еден од најчудните голови сезонава во Македонија, а голманот на Шкендија се обиде да дрибла, па на крајот самиот се сплетка и му остави гол како на тацна на Драган Стојков.
Играчот на Работнички го искористи подарокот и рутински ја погоди празната мрежа на Шкендија за израмнување на 1:1, што е и конечниот резултат во првиот дуел од четврт-финалниот двомеч меѓу Шкендија и Работнички.
Погледнете го неверојатниот кикс на голманот на Шкендија.