Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков е промовиран како нов играч во тимто на Ајман во Обединетите Арапски Емирати. Зајков во Ајман доаѓа како слободен играч, а потпиша договор на две години.
Централниот дефанзивец имаше одлични настапи во дресот на македонската репрезентација против Белгија и Казахстан, па тоа не остана незабележано и веднаш најде нов клуб, откако летово му заврши договорот со тимот на Универзитатеа Крајова.
Ајман минатата сезона заврши на 10 место на табелата, но тоа е тим кој има големи амбиции за новата сезона. За Зајков ова ќе биде седми клуб. Освен за Универзитатеа Крајова, претходно има настапувано и за екипите на Ворскла, Славија Софија, Левски, Шарлоа и Работнички.