Ѓоко Зајков е еден од многуте херои кои македонската фудбалска репрезентација ги имаше вечерва во Гент. Централниот дефанзивец беше без грешка во одбранбената линија и не дозволи на белгиските ѕвезди да се понадеваат дека може да дадат гол против Македонија.
На крајот, 0:0 резултат со кој Македонија останува лидер на табелата во квалификациите за пласман на Светско првенство, а Зајков имаше пофални зборови за сите играчи.
„Одигравме храбро, дисциплинирано во одбрана. Покажавме дека оставаме срце за Македонија. Ова е многу голем бод. Сега треба да останеме на земја смирени, затоа што ни следува нов многу важен дуел. Треба да го победиме Казахстан ако сакаме да одиме на Светско. Беше тешко, не само Столе и ние тројца што сме туку и за сите оние кои играат напред. Сите за Македонија оставаат срце на терен“, рече Зајков по средбата во Гент.