Зајков: Со Бугарија ќе играме за чест и гордост, сакаме да ги израдуваме навивачите

Разочарувањето кај македонските фудбалери после поразот од Грузија во Тбилиси беше евидентно, но време за тагување нема, веќе задутре во Скопје гостува Бугарија во меч без големо резултатско значење, но меч за бранење на честа.

„Жалиме поради тоа што загубивме на нашите грешки, ни се повтори нешто слично како и во Скопје. Имаме пад на концентрација. Заслуживме повеќе, имаме квалитет, но не ни останува ништо оствен да одмориме и да анализиртаме зошто ги правиме истоте грешки“ – рече Милан Ристовски.

Ѓоко Зајков смета дека победата на Грузија е незаслужена.

„Незаслужена победа на Грузија, ние доминиравме на терен, но тие ги искористија шансите. Грешките се составен дел од фудбалот, штета што не успеавме први да дадеме гол. За в понеделник, нема да биде проблем психологијата, иако не се толку важни трите бода, нема ништо да сменат. Сепак тоа ќе биде еден посебен меч, за чест, за гордост, сакаме нашите навивачи да ги направиме среќни“ – вели Зајков.

- Оглас -

Најнови вести