Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, беше извонреден на дербито меѓу Ливерпул и Манчестер сити, а покрај тоа што ја сочува својата мрежа, успеа и да му асистира на Мохамед Салах за победничкиот гол во 76-тата минута.
Бразилецот со ефектен дегажман го најде Салах и репрезентативецот на Египет погоди за победа на Црвените од 1:0.
https://twitter.com/LFC/status/1581953139367895040?s=20&t=5zxr56Z7b4WHMovAmPitzw
Ова за Алисон е втора асистенција за Ливерпул во 2022 година, по таа против Норвич во февруари, во меч од ланското првенство.
Педантните статистичари во англискиот фудбал пресметаа дека голманот на Ливерпул има повеќе асистенции годинава од најскапото засилување во историјата на Манчестер сити, Џек Грилиш, кој во 2022 има само една асистенција.
Веднаш почна и сеирот за Грилиш, играч што го урна клупскиот рекорд на Граѓаните со трансфер кој чинеше вкупно 117,5 милиони евра при преселбата од Астон вила во Манчестер сити.