Закачка од Роби Фаулер за Црвените ѓаволи: Можат да напишат книга како се промашуваат трансфери

Некогашниот напаѓач на Ливерпул, Роби Фаулер го поткачи големиот ривал, Манчестер јунајтед поради неколкуте големи трансфер утки, или нереализирани засилувања во последно време.

Последното промашување на Црвените ѓаволи е одличниот напаѓач, Дарвин Нуњес за кого беа заинтересирани, но ги претрка токму Ливерпул во трансфер што ќе чини околу 100 милиони евра.

„Не сакам да звучам саркастично, но за промашените траснфери на Манчестер јунајтед може да се напише книга“, изјави Фаулер.

Тој беше еден од најдобрите напаѓачи во Англија и во Европа во последната декада од минатиот век и првите години од овој милениум.

Додаде дека грешката на Манчестер јунајтед е што честопати купува играчи за да ги спречи ривалите да ги ангажираат тие фудбалери, без да внимаваат дали во моментот им одговараат на потребите и на ростерот што го имаат.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести