Закана од Атлетико: Ако Гриезман потпишал со Барса уште во март, ќе има последици

Антоан Гриезман по завршувањето на минатата сезона, преку видеопорака порача дека го напушта Атлетико Мадрид и веднаш почнаа најави дека негова следна дестинација ќе биде Барселона или ПСЖ. Но, веќе дојде јули, а Французинот уште е член на Јорганџиите бидејќи никој нема платено 120 милиони евра, колку што изнесува отштетата за него.

Проблемот за Атлетико е што до 1 јули, клаузулата беше 200 милиони, а сега е за 80 милиони помала. Според шпанските медиуми, Гриезман кој е на одмор во САД, следната недела ќе биде претставен како нов играч на каталонците.

„Не знам кога и што потпишал Антоан, но ако е вистина тоа што се зборува, дека со Барса се договорил и потпишал некаков преддоговор уште во март, ќе има последици. Се надевам дека вистината ќе исплива на виделина“ – изјави претседателот на „јорганџиите“, Енрике Серезо.

Еден од директорите во Атлетико, неодамна кажа дека екс играчот на Реал Сосиедад и Атлетико, во март договорил трансфер во Барселона, иако Французинот не е омилен кај навивачите и фудбалерите на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести