Закана за Федерер, Надал и Ѓоковиќ

Денис Шаповалов триуфираше на турнирот во Стокхолм, што е негов прв голем успех во кариерата. Младиот 20-годишен канадски тенисер моментно е на 27-мото место на АТП-листата и вели дека очекува во брзо време да дојде крај на ерата во која во тенисот доминраат Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

„Сигурен сум дека следната сезона ќе биде полна со изненадувања. Очигледно е дека големата тројка и понатаму е тука и е главна, но порано или подоцна, ќе ги симнеме од врвот. Само треба да бидеме трпеливи. Младите играчи полека, но сигурно напредуваат на АТП-листата. Медведев во последните неколку месеци направи голем напредок. Сигурен сум дека доаѓаат голем број талентирани играчи. Тука се Тијафо, Циципас, Зверев…“, вели Шаповалов.

 

- Оглас -

Најнови вести