5.8 C
Skopje
петок, 6 февруари 2026

Заканите од мафијата го „скршија“ Шпанецот: Загуби откако му рекоа дека ќе му киднапираат член од семејството

Шпанскиот тенисер Николас Санчес-Изкјердо преживеа тешки моменти на Челинџер турнирот во аргентинскиот град Росарио. Санчес-Изкјердо се најде како цел на закани од страна на мафијата, па неговиот меч мораше да се игра под полициско внимание и без присуство на публика.

Тенисерот пријавил дека го одбил барањето да го намести мечот по барање на обложувачката мафија. Санчес-Изкјердо, кој е на 279-тото место на АТП ранг-листата во светот, загуби во осминафиналето од домашниот тенисер Валерио Абојан со 7:5 и 6:4.

Абојан на турнирот се пласира како „среќен губитник“ и важеше за голем аутсајдер во дуелот против Санчес-Изкјердо, но Аргентинецот на крајот успеа да победи.

Проблемите за Шпанецот Санчес-Изкјердо започнале во средата наутро, кога на мобилниот телефон добил повик со пораки преку кои му се правеле притисоци намерно да загуби. Наводно, заканите биле дека на Шпанецот ќе му киднапираат член од семејството ако не загуби.

По добиените закани, Санчес-Изкјердо веднаш пријавил во Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ИТИА), а потоа била вклучена и полицијата, од која се побарало да го обезбедува мечот.

Видно потресен по поразот од Абојан, 26-годишниот Шпанец го напушти теренот со солзи во очите, а потоа го предаде и дуелот во двојки.

Валерио Абојан, кој е на 526-тото место на АТП-листата и го доби споменатиот меч против Санчес-Изкјердо, вечерва повторно е аутсајдер во дуелот против Ченг Чун-Шсин, кој е на 122-рото место на АТП-листата.

- Оглас -

Најнови вести