11.8 C
Skopje
вторник, 9 декември 2025

Закариќ: Чест е да се биде капитен на голем клуб како Вардар

Босанскиот фудбалер Горан Закариќ втора сезона игра е во дресот на Вардар, а за „MeridianSportBH“ откри дека летоска бил на прагот да се врати во сараевски Железничар.

Закариќ има богата кариера зад себе, има и 11 настапи за репрезентацијата на Босна и Херцеговина, а сега со Вардар целта му е шампионска титула во македонската лига.

Со доаѓањето на Гоце Седлоски запнавме, го освоивме Купот и излеговме во Европа. Ситуацијата во клубот во моментов е добра и полека се враќаме таму каде што беше Вардар пред неколку години. Ја сакаме титулата на крајот од оваа сезона“, вели Закариќ. 

Вардар е прв на крајот на есенскиот дел, а Закариќ има договор до крајот на сезоната.

Имав неколку опции од странство, и од БиХ. Бев блиску и до враќање во Железничар, но решив да останам тука. Играв добро минатата сезона, дури ми ја дадоа и капитенската лента. Ме почитуваа и решив да продолжам за уште една годинаЧест и задоволство е да бидам капитен на толку голем клуб“, вели Закариќ.

- Оглас -

Најнови вести