Босанскиот интернационалец Горан Закариќ го продолжи договорот со ФК Вардар за уште една година, откако денеска се обврза да остане член на Црвено-црните до јуни 2026 година.
Со ова, Вардар добива на стабилност. Закариќ беше еден од најдобрите играчи во црвено-црниот дрес во минатата сезона, а ја носеше и капитенската лента.