28.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Закажана прес-конференција за утре: Меси ќе се обрати од „Камп ноу“

Лионел Меси утре во 12 часот на пладне ќе се обрати на јавноста од „Камп ноу“ стадионот на Барселона. Прес-конференцијата е закажана и ја потврдија повеќе медиуми, како и познатиот Фабрицио Романо, италијанскиот новинар кој будно ги следи сите случувања на фудбалскиот трансфер-пазар.

Од она што може да се претпостави е дека Меси утре ќе се збогува со Каталонците и навивачката база која тагува поради неговото заминување по две децении во клубот. Останува да се види дали Лео ќе потврди каде ќе ја продолжи кариерата, откако вчерашниот ден помина во негово поврзување со ПСЖ.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1423978193023819783

- Оглас -

Најнови вести