Закажана следната борба на Волкановски, ќе биде спектакл во Лас Вегас

Австралискиот ултимејт фајт борец со македонско потекло, Александар Волкановски, на 8 јули во Лас Вегас ќе се бори со Јаир Родригес за титулата во перолесна категорија.

Нивната борба ќе биде главен настан на УФЦ 290 настанот. Бидејќи Волкановски се обиде да ја освои титулата во лесна категорија, но загуби од Ислам Махачев, тој привремено ја загуби титулата и во перолесна категорија, па Мексиканецот Родригес е привремен шампион во најлесната категорија иако не го победил Александар Велики.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести