Залудна е доминацијата на Барселона во првиот дел кога не може да и даде гол на Алмерија

Барселона и Алмерија одиграа без голови во првото полувреме од мечот во 13-то коло во Ла Лига. Каталонците доминираа на Камп Ноу, создадоа неколку стоотстотни шанси, имаа и пенал, но мрежата на Мартинез остана недопрена.

Домашните фудбалери имаа дури 16 удари кон голот на Алмерија, но не успеаја да постигнат гол.

Роберт Левандовски промаши пенал во седмата минута иако навивачите на Камп Ноу бараа ударот од белата точка да го изведе Пике.

Во 35-та минута Феран Торес доби одлична топка, не размислуваше многу, но топката заврши покрај голот на Алмерија.

Пет минути подоцна, Осман Дембеле прв дојде до топката и шутираше со глава, но голманот Мартинез беше сигурен и не дозволи промена на почетниот резултат.

- Оглас -

Најнови вести