Залудно го жртвуваше меѓуножјето за да даде гол, екипата му загуби (видео)

Фудбалерот на Стандард Лиеж, Дује Чоп, ќе жали за жртвувањето на своето меѓуножје за да ја стигне топката и да даде гол против Ренџерс бидејќи неговата екипа на крајот го загуби гостувањето во Глазгов.

Хрватскиот фудбалер се заби во дирекот од голот на домаќините со цел да ја затресе нивната мрежа за 2-1 во 41-вата минута, а од силниот удар не можеше да продолжи со игра во вториот дел. Стандард подоцна го загуби дуелот со 3-2, па жртвувањето на Чоп беше залудно.

- Оглас -

Најнови вести