Залудно патуваа 1.500 километри: Кога дојдоа на стадион им кажаа дека нема да играат

Фудбалерите на Депортес Антофагаста непотребно пропатуваа 1.500 километри за да играат меч од домашното првенство, бидејќи кога пристигнале, им било објаснето дека средбата е одложена. Депортес требаше да игра на гости кај Коло Коло во чилеанскиот шампионат, но средбата се одложила откако кај дел од членовите во таборот на домаќините бил забележан Коронавирусот.

Непосредно пред овој меч, Коло Коло гостуваше во Бразил, од каде и е донесен вирусот во редовите на чилеанскиот тим.

„Разочарани сме од тоа што ни се случи. Не ни дозволија да влеземе ниту во соблекувалните. Чекавме половина час пред стадионот за официјална потврда. Не е фер, пропатувавме 1.500 километри и на еден час пред почеток на мечот дознавме дека е одложен поради позитивни случаеви, но тоа не се фудбалери“, вели разочараниот спортски директор на Депортес, Виктор Ојарзун.

 

- Оглас -

Најнови вести