Замената за Де Бројне ќе пристигне од Германија, Сити ќе плати 140 милиони евра

Манчестер сити подготвува комплетна реконструкција налето, а таа веќе започна зимава, но примарна цел на Пеп Гвардиола е купувањето на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен. Дваесет и едногодишниот фудбалер оваа сезона има одиграно 35 натпревари во сите натпреварувања со ефект 15 гола и 12 асистенции, а неговата вредност се проценува на 140 милиони евра.

Раководството на Граѓаните нема да штеди пари и ќе тргне по неговиот потпис, со оглед на тоа дека во него гледаат замена за Кевин де Бројне.

Зимава Сити веќе ги ангажира Реис, Кусанов, Мармуш и Гонзалес. Граѓаните во моментов се на четвртата позиција на табелата со 16 поени помалку од лидерот Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести