Се ближи крајот на една ера, Антоан Гризман ќе го напушти Атлетико Мадрид, каде што остави огромен белег и беше еден од најдобрите играчи во историјата на клубот.
Пополнувањето на неговото место ќе биде голем предизвик, а раководството на клубот веќе размислува за наследник. Според последните информации, тоа би можело да биде играч од Пари Сен Жермен.
Се работи за Канг-Ин Ли, млад фудбалер од Јужна Кореја кој добива шанса кај Луис Енрике, но засега е повеќе во ротацијата. Во оваа сезона забележа три гола и четири асистенции во сите натпреварувања.
ПСЖ сака да му понуди нов договор, но доколку пристигне атрактивна понуда, клубот е подготвен да го продаде.
Според „Скај спортс“, вредноста на Канг-Ин Ли е проценета на 40 милиони евра, а ако Атлетико е подготвен да ја плати оваа сума, левоногиот фудбалер би се преселил во редовите на шпанскиот гигант.

