Матис Тел е францускиот талент кој е пред трансфер во Баерн Минхен. Според најавите, Тел ќе потпише петгодишен договор со германскиот првак и тој треба да биде иднината на Баварците.
Тел е играч на француски Рен, а трансферот во Баерн ќе чини 20 милиони евра, плус 8,5 милиони во вид на бонуси. Минатата сезона тинејџерот настапи само на седум меча во француското првенство, но и тоа беше доволно да го покаже талентот и квалитетот што го поседува, па Баерн нема да се мисли околу договорот кој треба да биде до 2027 година.
Mathys Tel to Bayern, done deal now completed 🔴🤝 #FCBayern
▫️ Contract until June 2027, salary agreed.
▫️ First part of medical scheduled on Sunday.
▫️ €20m fee plus €8.5m in add-ons.
▫️ Agents will partecipate, as per @cfbayern.
▫️ Bayern consider Tel top future talent. pic.twitter.com/m1lRaXeVdX
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 23, 2022
Баерн веќе потроши преку 100 милиони евра за доведување на Садио Мане од Ливерпул и Матијс де Лихт од Јувентус и во следната сезона овој тим повторно треба да биде главен претенден за трофеите во Германија.