Наполи ќе ја започне одбраната на титулата од Серија А без својот најдобар стрелец, Ромелу Лукаку. Белгиецот се повреди, па ќе отсуствува најмалку до ноември, а им создава главоболки на челните луѓе на клубот од Неапол.
Потрагата по нов напаѓач продолжува, а сега погледите се насочени кон англиската Премиер лигата. Прв на листата со желби е Расмус Хојлунд од Манчестер јунајтед, кој не е во плановите на Рубен Аморим и може да си бара нова фудбалска средина.
Сепак, едно има посебно го привлече вниманието. Италијанските медиуми го споменуваат и Џејми Варди, кој во моментов нема клуб откако се раздели со Лестер, па може бесплатно да биде доведен и токму затоа е примамлива опција за Аурелио де Лаурентис.