Замената за Мбапе доаѓа од Серија А

Управата на ПСЖ се помири до податокот дека ова лето ќе го загуби Килијан Мбапе кој ќе се пресели во Реал Мадрид и неговиот наследник го пронајде во Серија А.

Според италијанските медиуми, изборот паднал на Виктор Осимен, а на адресата на новиот италијански шампион Наполи, веќе пристигнала понуда тешка 150 милиони евра.

Според медиумите, сопственикот и претседател на Наполи, Аурелио де Лаурентис, ќе ја прифати понудата и прашање на време е кога Осимен ќе биде промовиран како нов играч на ПСЖ.

Осимен мината сезона одигра 39 натпревари за Наполи и постига 31 гол, а имаше и пет асистенции.

- Оглас -

Најнови вести