Џамал Мусијала се повреди на Светското клупско првенство, а според прогнозите тој ќе отсуствува неколку месеци, веројатно до крајот на оваа календарска година.
Раководството на „баварците“ веќе е во потрага по негова замена, а се чини дека ја пронајде во Арсенал. Се работи за португалскиот интернационалец, Фабио Виеира, кој летово се врати во редовите на „топчиите“ од позајмицата во Порто.
Челните луѓе на Баерн Минхен веќе оствариле контакт со своите колеги од Арсенал, но останува да се договорат дали Виеира ќе дојде во Бундеслигата како позајмен или „баварците“ ќе го откупат неговиот договор.
Вредноста на Виеира во моментов е 22 милиони евра, има договор до 2027 година, а Арсенал го купи од Порто во 2022 година за 35 милиони евра.