Замената за Онана во Манчестер јунајтед доаѓа од Чемпионшип дивизијата?!

Раководството на Манчестер јунајтед налето планира да се ослободи од голманот Андре Онана, кој има договор до 2028 година, па се очекуваат понудите од екипите кои се заинтересирани за него.

Истовремено во тек е процесот и на барањето нов голман, а се чини дека прв избор е чуварот на мрежата на членот на Чемпионшип дивизијата, Престон Норт Енд, Фреди Вудман.

Се работи за 28-годишен голман кој во својата кариера има брането и за Кристал палас, Њукасл, Хартлпул, Кроули таун, Килмарнок, Абердин, Свонси и Борнмут. Неговата моментална вредност е 3,5 милиони евра, но договорот му истекува на крајот од оваа сезона, па Црвените ѓаволи доколку ги договорат личните услови, ќе го добијат бесплатно.

- Оглас -

Најнови вести