9.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Замената за Роналдо во Јунајтед ќе биде играч од поранешна СФРЈ

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, наводно има две имиња на списокот на потенцијални наследници на Кристијано Роналдо, и двајцата играчи се од просториите на поранешна СФР Југославија, пишуваат англиските медиуми.

Роналдо подолго време е незадоволен од својот статус во Јунајтед, посебно по доаѓањето на Тен Хаг кој го испрати Португалецот на клупата за резевни играчи и дефинитивни ќе си замине од клубот во еден од наредните два преодни рок, а управата веќе ја подготвува неговата замена.

Весникот „Мирор“ пишува дека неговиот наследник на „Олд трафорд“ ќе се избира меѓу словенечкиот репрезентативец Бенјамин Шешко и меѓу српски репрезентативец, Душан Влаховиќ.

Според „Мирор“, поблиску до Јунајтед е Влаховиќ бидејќи Црвените ѓаволи сакаат да ја искористат кризата во Јувентус по испаѓањето од Лигата на шампионите бидејќи италијанскиот тим остана без неколку десетици милиони евра профит, кој сега ќе мора да го покрие со продажба на фудбалери.

Се проценува дека Јувентус би барал најмалку 70 милиони евра, сума која Јунајтед е подготвен да ја плати.

- Оглас -

Најнови вести