Тони Крос одлучи дека ќе ја заврши клупската кариера, а после Европското првенство заминува во фудбалска пензија. Тоа беше знак дека Реал Мадрид треба да се активира на трансфер пазарот и да ја пронајде идеалната замена, а се чини дека и ја најдоа.
„Кралскиот“ клуб планира да го купи Николо Барела, еден од најдобрите фудбалери на новиот шампион на Италија, Интер. Тој има договор до 2026-тата година, а клубот од Милано е подготвен да го пушти за сума од 80 милиони евра.
Реал Мадрид не би имал проблем да го плати обесштетувањето, но Флорентино Перес секако дека ќе се обиде да ја намали оваа сума и да го ангажира Барела за далеку помалку пари.