Вечерва во НБА-лигата ќе се одиграат седум натпревари за кои Sport Life подготви 154 комбинации за играње.
Пред вечерашните дуели, НБА-лигата објави дека Џоел Ембид од Филаделфија и Џулиус Рендл од Њујорк поради повреди ќе го пропуштат олстар-натреварот и веднаш ги одреди нивните замени во Источната конференција.
На местото на Ембид и Рендл, комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер, ги повика играчите на Атланта и Торонто, Тре Јанг и Скоти Барнс, чии настапи вечерва ќе бидат во фокусот.
Торонто му гостува на Шарлот и медиумите и фановите со големо внимание ќе го следат настапот на Скоти Барнс, кој ќе дебитира на натпреварот на сите ѕвезди.
Границата која Sport Life ја одреди за популарната игра „плус-минус“ поени за Барнс изнесува 20,5 поени и за очекување е и кошаркарот на Торонто да ја помине оваа граница. Барнс сезонава просечно постигнува 20,2 поени по натпревар.
Границата за Тре Јанг изнесува 24,5 поени, што е за три поени помалку од неговиот просек сезонава и не би требало да има проблеми да ја надмине во дуелот на неговата Атланта хоукс против Бостон селтикс, кој пак е голем фаворит за победа (1.18).
Лесна победа се очекува да оствари и Сакраменто кингс, кој го пречекува најслабиот тим во лигата, Детроит пистонс (1.13), како и Кливленд кавалирс, кој му гостува на Вашингтон (1.20).
Во дербито на вечерта, ЛА клиперс го пречекува Њу Орлеанс пеликанс и ја има фаворитската улога (1.43), како и Голден стејт, кој ѝ гостува на Филаделфија, која ќе мора да игра без својот најдобар играч, Џоел Ембид (1.59).
Покрај Барнс и Јанг, во понудата на Sport Life во популарната игра „плус-минус“ поени има уште и 54-ца кошаркари.